Најголемиот ирски букмејкер Педи Пауер од синоќа почна со исплата на добивки за сите кои се обложиле на победа на сенаторот од Илиноис, Барак Обама.
Најголемиот ирски букмејкер Педи Пауер од синоќа почна со исплата на добивки за сите кои се обложиле на победа на сенаторот од Илиноис, Барак Обама.
Најголемиот ирски букмејкер Педи Пауер од синоќа почна со исплата на добивки за сите кои се обложиле на победа на сенаторот од Илиноис, Барак Обама, три недели пред одржувањето на претседателските избори во САД.- Сигурни сме дека Обама ќе биде новиот претседател на САД, и поради тоа одлучивме да исплатиме над еден милион евра за добивки на лица кои се обложиле за негова победа, соопшти обложувачницата.
Пред потегот за исплата, коефициентите беа 1,14 за победа на Обама и 5,00 за победа на Џон Мекејн. Според анкета на Си-Би-Ес и Њујорк тајмс, Обама води со 14 проценти повеќе додека според други анкети „не е ништо завршено“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град