Група научници направи вештачки грип кој може да убие половина цивилизација доколку „излезе“ од лабораторијата.
Смртоносниот вирус е генетски модифицирана верзија на H5N1 птичјиот грип, но е многу позаразен и посмртоносен и лесно може да се пренесе на милион луѓе одеднаш.
Рон Фушиер, лидер на истражувањето во лабораторија во медицинскиот центар Еразмо во Ротердам, признава дека новиот вид на вирус веројатно е еден од најопасните вируси кој може да се создаде во лабораторија. Тој смета дека објавувањето на резултатите од неговата студија е неопходно, за да можат властите да се подготват за најлошто можно сценарио на биотероризам.
И додека една група научници ги поздравуваат неговите аргументи, друга група се плаши дека објавувањето на “рецептот” за создавање на вирусот, може да заврши во погрешни раце. Има и такви кои велат дека тоа истражување воопшто не смеело да се спроведе.
Вирусот на смртоносниот птичји грип бил тестиран на африкански творови, чиј респираторен тракт е многу сличен со оној кај човекот. Тимот научници откриле дека се доволни само 5 мутации за Х5Н1 да почне да се шири многу побргу од досега познатите видови, кои усмртија околу 500 луѓе низ светот. Новата врста би можела да убие половина од светската популација, предупредуваат авторите на студијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град