ЦИА призна дека шпиунира преку Фејсбук

Експертите од Центарот за јавни извори во Вирџинија дневно прегледуваат и по пет милиони твитови и коментари на Фејсбук.

 |   | 
cia
cia

Американската ЦИА ја следи комуникацијата на популарните социјални мрежи како што се Фејсбук и Твитер. За тоа е задолжено одделението Центар за јавни извори (ОСЦ) сместено во анонимниот инудстриски парк во Вирџинија во скромна зграда од цигли.

Центарот има за задача да ги надгледува медиумите, весниците, телевизијата, интернет четот, блоговите, вклучувајќи ги и социјалните мрежи, а експертите дневно прегледуваат и по пет милиони твитови и коментари на Фејсбук.

Тим од неколку стотици експерти од ОСЦ, чиј точен број не е познат, се насочени кон странство. Нивната главна карактеристика е врвното познавање на странски јазици, но и сленгот и локалните дијалекти. На тој начин ОСЦ можат да го надгледуваат општото расположение на граѓаните од Кина, преку Русија и Германија, па се до Србија и Македонија.

Директорот на ОСЦ Даг Наквин тврди дека надгледувајќи ги социјалните мрежи до сега собрале многу важни информации кои овозможуваат дури и предвидување на револуција.

“Да речеме дека знаевме дека Египќаните ќе се побунат, но не знаевме кога точно ќе се случи тоа. Проценивме дека социјалните мрежи во земјите како што е Египет ќе бидат од голема важност, односно ќе бидат голема закана за владејачкиот режим.”, изјавил Наквин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top