Група на студенти од Дрезден, се соблекоа речиси голи за најновиот календар “Geist is geil” што во превод значи “знаењето е секси”, кој треба да го промовира високото образование во Саксонија, пренесуваат локалните медиуми.
Во фото-сесијата за календарот учествувале 24 студенти од Техничкиот универзитет во Дрезден, од кои половина се мажи, а остатокот девојки бидејќи календарот има и маши и женски фотографии, за да се привлече публика од секаков вид.
Календарот е дело на фотографот Тони Крешмер, кој уште од сега почнал да добива пријави за изданието за 2013 година.
“Единствениот услов за нечија слика да се појави во календарот е моделот да биде студент на Универзитетот во Саксонија и добро да изгледа”, кажал Тони за “Sachsische Zeitung”.
Додека критичарите сметаат дека овој неконвеционален начин за промовирање на образованието е дегутантен, во ноемвриското издание на “Playboy” веќе се појавија фотографиите на “најубавите студентки од Германија”.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град