Конзервативците победија на парламентарните избори во Канада

Владејачките конзервативци победија на вчера одржаните предвремени парламентарни избори во Канада.

 |  Крсте Голабовски  | 
Konzervativna partija Kanada
Konzervativna partija Kanada

Владејачките конзервативци победија на вчера одржаните предвремени парламентарни избори во Канада.

Тие повторно нема да имаат мнозинство гласови во Парламентот, бидејќи за апсолутно мнозинство во 308-члениот Долен дом на Парламентот се неопходни 155 пратенички мандати.
Според добиените резултати Конзервативната партија на Канада на премиерот Стивен Харпер освои 144 мандати, насприти 127-те кои ги имаше при распуштањето на Парламентот.

KonzervativciГлавната опозициска партија, Либералната партија на Канада освои 74, наспроти претходните 95 места во Парламентот. Сепаратистичката партија Квебекски блок доби 50 места, наспроти претходните 48, а социјалдемократската Нова демократска партија 37, наспроти оние 30 кои ги имаше при распуштањето на Парламентот.

Ваквите резултати покажуваат дека конзервативците не успеаа да ја исполнат својата цел за освојување апсолутно мнозинство. Премиерот Харпер сепак ќе биде реизбран.

Опозицискиот лидер Стефан Дион денеска го призна поразот на неговата партија на изборите, додавајќи дека нема намера да поднесе оставка.

„Канаѓаните сакаат да сум лидер на опозицијата и јас со гордост ја презмам таа одговорност“, истакна Дион на митинг пред своите приврзаници.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top