Путин ја тепал и изневерувал својата сопруга

Путин редовно ја тепал и изневерувал својата сопруга, пишува во документи на Германската тајна служба од времето кога тој бил агент на КГБ, пренесе “Дејли телеграф”.

 |   | 
Putin i Ludmila
Putin i Ludmila

Путин редовно ја тепал и изневерувал својата сопруга, пишува во документи на Германската тајна служба од времето кога тој бил агент на КГБ, пренесе “Дејли телеграф”.
Putin i Ludmila
До овие информации на Германската тајна служба сосема случајно дошол Ерик Шмит Енбум, експерт за разнување, кој досега објавил повеќе книги за работата на службата во текот на 80-те години на минатиот век.

Тоа го открила неименувана Русинка, двоен агент, која Германците ја пратиле да “глуми” преведувач на сопругата на Путин, Људмила. Шпионката со кодирано име “Балкон”, кое го добила поради нејзините големи гради, толку се зближила со сопругата на Путин, што и станала рамо за плачење.

На нивните чести средби, Људмила постојано и се жалела дека е жртва на маж наклонет кон насилство и љубовни афери. По извесно време, од страв да не биде разоткриена, службата ја преместила агентката во Западна Германија, каде и се губи секаква трага.

Германскиот весник “Билд” пишува дека овие обвиненија за неверствата на Путин, ги потврдуваат долгогодишните шпекулации дека по заминувањето од Источна Германија во 1990 година, рускиот премиер оставил вонбрачно дете.

Кога новинарите од “Берлинер цајтунг” се обиделе да добијат коментар од Германската тајна служба, портпаролот Дитер Арнд само рекол дека никогаш на дискутираат за своите тактики и методи.   
Putin i Alina kabaeva
Путин и поранешната стјуардеса Људмила се во брак од 1983 година и имаат две ќерки. Двојката многу ретко се појавува во јавност заедно, поради што медиумите шпекулираа дека тие тајно се развеле, а премиерот планира да се ожени со гимнастичарката Алина Кабајева.

Неговиот приватен живот е целосно сокриен од очите на јавноста, а тој како премиер нема протоколарна обврска да ја води својата сопруга на меѓународни собири. Во 2010 година, Руската православна црква мораше да демантира гласини во кои се тврдеше дека Људмила се замонашила и дека рускиот патријарх лично ја поставил за игуменија во еден руски манастир.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top