Точната бројка на жртви се уште не е позната. Последните инфомации се дека до сега се извлечени 217 мртви тела, а над 350 луѓе се повредени – јави Си Ен Ен.
Турската сеизмографска служба оцени дека земјотресот кој вчера го затресе истокот на Турција со јачина од 7,2 степени по Рихтер ќе однесе околу илјада жртви.
Точната бројка на жртви се уште не е позната. Последните инфомации се дека до сега се извлечени 217 мртви тела, а над 350 луѓе се повредени – јави Си Ен Ен.
Подрачјето кое беше погодено од земјотресот го посети премиерот Реџеп Таип Ердоган. Рече дека најмногу страдале селата во близина на градот Ван. Во овој град биле урнати десетина згради а во градот Ерцис -80.
Спасувачки екипи се обидуваат да спасат луѓе што се заглавени во разурнатите згради.
-Луѓето сe под урнатините. Ги слушаме како викаат помош. Итно ни треба помош да дојдеме до нив – велат локалните власти од подрачјето Челебибаг во близина на Eрцис.
По првиот земјотрес, следуваа уште 8 помали земјотреси со јачина од 4 до 6 степени по Рихтеровата скала.Потресот се почувствувал и во Иран.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град