Баскиската сепаратистичка група ЕТА прогласила крај на вооружените активности долги 40 години, а ваквата реакција од официјален Мадрид е оценета како победа на демократијата.
Тројца припадници на ЕТА, со црни маици, бели маски на лицата и црни беретки, направиле драматично видео обраќање за завршетокот на смртоносната кампања за независна баскиска татковина.
„ЕТА се одлучи на дефинитивно запирање на своите вооружени активности“, навела групата во пишано соопштение проследено со видео приказ на Интернет страната на баскискиот весник “Гар“ кој бил нивен портпарол.
Шпанскиот премиер Хосе Луис Сапатеро рекол дека крајот на насилството е „победа на демократијата, законот и разумот“.
ЕТА, основана во 1959 година, се бори за независна баскиска држава на северот на Шпанија и југозападот на Франција, а е одговорна за убиство на повеќе од 850 лица, обично употребувајќи подметнати бомби во автомобили или убиства.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град