Јулија Тимошенко e прогласена за виновна

Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко денеска пред судот во Киев е прогласена за виновна заради пречекорување на овластувањата, бидејќи во 2009 година наредила државната нафтена компанија “Нафтогас“ да потпише неповолен договор со Русија за испорака на гас.

 |   | 
Timoshenko
Timoshenko

TimoshenkoПоранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко денеска пред судот во Киев е прогласена за виновна заради пречекорување на овластувањата, бидејќи во 2009 година наредила државната нафтена компанија “Нафтогас“ да потпише неповолен договор со Русија за испорака на гас.

Должината на казната за Тимошенко не била соопштена, а обвинителството претходно побарало таа да биде осудена на седум години затвор.

Тимошенко се наоѓа во притвор од 5-ти август заради непочитување на судот. Судијата Родио Кирејев се повлекол на крајот на септември заради разгледување на пресудата по тримесечниот процес.

Против Тимошенко, лидер на опозиција, судскиот процес е подигнат во јуни заради наводна злоупотреба на премиерската позиција заради договор за испорака на гас со Русија во 2009 година.

dogovor za gas so RusijaАдминистрацијата на претседателот Виктор Јанукович смета дека договорот за испорака на гас е со преголема цена.

ЕУ и САД изразиле загриженост заради легитимитетот на судењето. Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон рекла дека не гледа голем оптимизам во поглед на “примена на селективна правда“.

Партиските колеги на Тимошенко ги повикале нивните приврзаници на протест пред судот во Киев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top