57-годишната Ана Гродзка ќе стане првата транссексуална пратеничка во историјата на оваа земја, но и во светот, кога новиот полски парламент ќе почне со работа, откако на вчерашните избори нејзината антиклерикална партија Паликот оствари неочекуван успех.
Гродзка, која е родена како маж, беше на чело на партиската листа во Краков и според првичните резултати, би требало да влезе во полскиот парламент.
„Се уште не знам дали сум избрана, но многу сум среќна поради резултатот кој го оствари партијата”, изјави таа.
„Ако ме изберат во Краков, ќе бидам првата транссексуална пратеничка во Полска, но и во светот”, истакна Ана.
Таа сексуалната трансформација ја извршила во 2010 година и тогаш ја основала фондацијата „Транс-Фузја”, која ги поддржува лицата кои си го промениле полот.
Ако влезе во парламентот, планира да предложи закон со кој би се регулирала промената на полот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град