90 удари со камшик и 1 год. затвор за улога во филм

Иранската актерка Марзиех Вафамехр е осудена на една година затвор и 90 удари со камшик заради улога во филм кој говори за ограничување на уметничката слобода во таа земја.

 |   | 
akterka Marzieh
akterka Marzieh

Иранската актерка Марзиех Вафамехр е осудена на една година затвор и 90 удари со камшик заради улога во филм кој говори за ограничување на уметничката слобода во таа земја.
akterka Marzieh
За казната на актерката, опозицијата ја информираше јавноста на својата Интернет страна.

“Изречена е пресуда за Марзиеџ Вафамехр, која е осудена на една година затвор и 90 удари со камшик“, објавил Kalameh.com.

Актерката е уапсена во јули по ангажманот во филмот “Мојот Техеран на продажба“ кој наишол на остри реакции во конзервативните кругови.

Филмот, кој е снимен во соработка со Австралија, раскажува за млада актерка во Техеран чиј театар добил забрана од властите. Поради тоа, актерката е принудена да води таен живот за да може и понатаму уметнички да се одржува.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top