Кратки инструкции за животот

Секој го живее животот на свој начин и по свои правила. Овие кратки инструкции се инспиративни, ведри, дел од нив дури и смешни, но сепак, во суштина сите се реални. Интересни да се прочитаат, а поучни за да се применат.

 |   | 
life
life

Секој го живее животот на свој начин и по свои правила. Овие кратки инструкции се инспиративни, ведри, дел од нив дури и смешни, но сепак, во суштина сите се реални. Интересни да се прочитаат, а поучни за да се применат.

life1. Ракувај се цврсто!

2. Гледај ги луѓето во очи!

3. Пеј додека се тушираш!

4. Доколку се впуштиш во тепачка, гледај да удриш прв и да биде тоа силен удар. 🙂

5. Чувај тајни!

6. Редовно спортувај!

7. Не откажувај се од никого! Чуда се случуваат секојдневно.

8. Секогаш прифаќај подадена рака!

9. Биди храбар! Дури и да не си, преправај се дека си, никој нема да познае.

10. Не биди саркастичен!

11. Избирај го партнерот внимателно! Од оваа одлука зависи твојата среќа во иднина.

12. Прави добри нешта за луѓе кои никогаш нема да дознаат за тоа!

13. Позајмувај ги само оние книги, за кои нема да ти биде грижа дали повторно ќе ги видиш.

14. Кога се натпреваруваш со деца, остави ги да победат.

15. Не одземај му ја надежта на никого! Можеби тоа е сè што таа личност има.

16. Давај втора шанса, но не и трета!

17. Биди романтичен.

18. Биди позитивен и ентузијаст.

19. Опушти се! Секоја ситуација во животот не е толку сериозна колку што изгледа на прв поглед.
life
20. Биди добар губитник!

21. Биди уште подобар победник!

22. Размисли два пати пред да довериш некому тајна.

23. Кога некој те прегрнува, почекај тој прв да се тргне.

24. Поедноставувај ги работите!

25. Пази се од личности кои немаат што да загубат!

life

26. Не пропуштај прилика за да му соопштиш некому дека го сакаш.

27. Запомни, никој не успева сам!

28. Кога ѕвони телефонот, одговарај со ентузијазам и енергија во гласот.

29. До креветот чувај си тефтер и пенкало. Добрите идеи знаат да дојдат и во 3 часот наутро.

30. Почнувај го секој ден со твојата омилена музика!

life

31. Стапи во брак само поради љубов.

32. Давај му комплимент на готвачот, кога јадеш на гости!

33. Запомни дека 80% од успехот во која било работа зависи од способноста да се справиш со луѓето.

34. Не очекувај животот да биде фер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top