Данска стана првата земја што воведува „данок за дебелеење“. Данците се загрижени поради зголемениот број на луѓе со прекумерна тежина, па затоа одлучија дополнително да ги оданочуваат производите кои предизвикуваат дебелеење.
Почнувајќи од следната сабота, Данците поскапо ќе го плаќаат путерот, грицките, чоколадите… Се верува дека на овој начин консумацијата на овие штетни производи ќе се намали за десет проценти на годишно ниво. Освен врз здравјето на населението, овој данок ќе има позитивно влијание и врз државната каса, годишно преку овој данок треба да се соберат околу 300 милиони евра.
Се очекува примерот на Данска да го следат и други европски земји во кои населението има проблем со прекумерна тежина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град