Бившата порно ѕвезда, која зад себе има 40 хардкор порничи, пензијата ќе ја добива врз основа на петгодишната контроверзна кариера (1987-та до 1992-та) како пратеничка во италијанскиот парламент од редовите на Радикалната партија. Партијата подржуваше низа закони поврзани со сексот.
Илона Сталер – Чичолина е бивша порно ѕвезда и првата жена која покажа голи гради во емисија во живо на италијанска телевизија, а се прочу и како жена која на Осама бин Ладен му нудела сексуални услуги за да прекине со тероризирање, а на Садам Хусеин за да ослободи странски заложници.
Според законот, Чичолина како и останатите политичари со одреден мандат има право на пензијата, но тоа дојде како долева масло на оган за јавноста која е нервозна заради строгите владини мерки за штедење. Коментирајќи ја веста за пензијата на Чичолина, читател на онлајн изданието на Кориере дела Сера, напишал дека италијанските политичари се збогатиле без да работат и дека ич не им е гајле за луѓето кои едвај се прехрануваат.
Чичолина, која пензијата ќе почне да ја добива од ноември кога ќе наполни 60 години, за Гардијан изјави дека ги заслужила парите и дека е горда на тоа. Порно иконата со унгарско потекло објаснила дека за време на мандатот работела на 12 закони, заложувајќи се за воведување сексуално образование во училиштата и “брачни средби“ во затворите.
“Сите политичари кои се бивши членови на Парламентот добиваат доживотна пензија и фер е и јас да добијам,“ рекла Чичолина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град