Австралијанските власти донеле одлука да воведат нова ознака за лица кои не се чувствуваат ниту како машко ниту како женско. Во пасошите на Австралија од неодамна стои X на местото на ознаката кај полот. Лицата кои го промениле полот мора да се определат за опцијата “машко“ или “женско“.
Австралијанскиот сенатор Луис Прет, чиј партнер е роден како жена, но сега живее како маж, ја истакнал важноста од овој потег.
“Постојат луѓе на кои полот им е наметнат од раѓање, а кои не се чувствуваат ниту како машко ниту како женско. Заради тоа X е навистина погоден“, рекол тој.
Организациите за заштита на човековите права сега се борат оваа пракса да ја воведат и во Европа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град