По преслушувањето на снимениот телефонски разговор на Силвио Берлускони со уредник на еден од италијанските весници во рамки на истрагата за сексуалните скандали која е во тек, во јавноста излезе и вулгарна изјава на сметка на германската канцеларка Ангела Меркел која ја споменал во тој разговор, јавува “Блиц“..
Со оглед на тоа дека сепак во прашање е дама, која притоа е и канцелар, најтиражниот германски весник “Билд“, кој пишува за овој случај, констатира дека Берлускони “вулгарно и недостојно се изразил за канцеларката Меркел, особено за нејзината фигура“, додека британскиот дневен весник “Дејли Меил“ изјавата ја пренесува нешто поконкретно, иако со голем број на ѕвездички, така што можеме да прочитаме дека Берлускони за германската канцеларка изјавил дека е “дебела ***** која никој не би ја ****“.
Ова притоа не е првата навреда упатена од Берлускони до германската канцеларка.
Имено, тој пред две години ја оставил Меркел да чека додека тој си зборувал на мобилен телефон, додека една година пред тоа, за време на нејзиното пристигнување во посета на Италија, ја дочекал скриен зад еден споменик и скокнал пред неа викајќи “ку – ку“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град