Монструмот од Будимпешта е сепак Србин

Унгарската полиција конечно, по точно еден месец истрага, успеа да го идентификува монструмот кој своите жртви ги ограбуваше и потоа ги закопуваше живи во шума во близина на брегот на реката Дунав во Будимпешта. Станува збор за српскиот државјанин Драган П. (38), кој потекнува од Војводина.

 |   | 
budimpeshta
Будимпешта

Унгарската полиција конечно, по точно еден месец истрага, успеа да го идентификува монструмот кој своите жртви ги ограбуваше и потоа ги закопуваше живи во шума во близина на брегот на реката Дунав во Будимпешта. Станува збор за српскиот државјанин Драган П. (38), кој потекнува од Војводина.
budimpeshta

– По еден месец мистерија нашата амбасада во Будимпешта беше известена дека врз основа на ДНК-анализа е откриен точниот идентитет на осомничениот убиец и оти станува збор за српски државјанин. Драган во Србија веќе е осудуван дури 10 пати за фалсифкување и кражби на автомобили, изјавил висок претставник на српското МВР за локалните медиуми.
Монструмот ја збунил унгарската полиција, бидејќи зборувал на српски јазик, а тврдел за себе дека е македонски државјанин додека пасошот кој бил пронајден кај него гласел на име на унгарскиот државјанин Александар Менцев (39) и бил оригинален.
Стравотните злосторства на српскиот монструм беа откриени кога Романецот М.М. (31), иако со врзани раце, успеал да се откопа од гробот и да се спаси од сигурната смрт. Тој им раскажал на полицајците за пеколот низ кој минал, а во пребарувањето на теренот во шумата во која живеат бездомкници биле најдени четри човечки трупа стари помеѓу седум и триесет дена и три черепи за кои вештаците утврдиле дека се стари неколку месеци.
Унгаските медиуми веднаш објавија дека монеструмот е српски државјанин, што подоцна беше демантирано, а приказните одеа дотаму дека тој бил припадник на паравоената единица Тигар”, чиј командант беше Жељко Ражњатовиќ – Аркан. Подоцна беше утврдено дека тој самиот ја измислил приказната за да си го подигне угледот меѓу бездомниците, а демантирана беше и приказната дека тој бил Унгарец од Војводина што се барал за воени злосторства.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top