Светот и Русија ги оплакуваат жртвите во авионската несреќа

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска упати критики за воздухопловната безбедност во Русија и побара темелна истрага за авионската несреќа во која загинаа 43 луѓе, главно членови на руската хокеарска екипа Локомотива Јарослав. Медведев ова го изјави на местото на несреќата која ја преживеале двајца играчи, но кои се уште се во критична состојба.

 |   | 
Rusija-den na zalost
Русија-ден на жалост

Сите 11 странски играчи и тренери во составот на “Локомотив“ загинале во несреќата. Меѓу нив и канадскиот тренер Бред Меккримон, легендарниот словачки хокејаш Павол Демитра, шведскиот вратар Лив Стефан, тројца чешки репрезентативци, Јан Марек, Карел Рачунек и Јосеф Вашичек, како и играчи од Германија, Белорусија, Латвија и Украина.

Несреќата ја преживеале само хокејашот Александар Галимов, кој со изгореници од 80 отсто се наоѓа во болница и се бори за живот, како и еден член на екипажот Александар Сизов.

“Изразувам длабоко сочуство до семејствата на сите загинати и до навивачите на Локомотив“, изјавил претседателот на државата Дмитри Медведев кој денес ќе го посети местото на несреќата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top