Европејците до 2020 ќе се прехрануваат со инсекти

Пржени скакулци, печени мравки или супа од скакулци, во иднина може да бидат дел од редовното мени на Европејците.

 |   | 
insekt
инсект

Пржени скакулци, печени мравки или супа од скакулци, во иднина може да бидат дел од редовното мени на Европејците.

Според една студија, еден мал скакулец во неговото тело содржи 20 проценти белковини и само шест отсто масти. Колку за споредба говедското месо има 24 проценти протеини, а околу 20 проценти отпаѓаат на мастите. Научниците тврдат дека скакулците се богати со калциум, термитите со железо, а гасениците се добар извор на бакар и рибофлавин. Инсектите произведуваат помалку емисии на стакленички гасови и бараат помалку храна од добитокот.

– До 2020 година, инсектите ќе ги купуваме нормално во супермаркетите. Тогаш ќе ни биде чудно како во 2011 година мнозинството не сакале да ги јадат. Инсектите се биолошки слични со раковите, а оние што летаат ќе се сметаат како ракчиња на небото, вели раководителот на научниот тим, Марсел Дик.

Тој потсетува дека и при појавата на модриот домат и сушито постоеле скептици кои не верувале дека овие производи може да станат дел од редовната исхрана.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top