Италијанско Вевчани

Малото централно италијанско гратче, Филетино се обидува да добие независност и пушта во оптек сопствена валута во знак на протест против владините економски мерки.

 |   | 
evra
evra

evraМалото централно италијанско гратче, Филетино се обидува да добие независност и пушта во оптек сопствена валута во знак на протест против владините економски мерки.

Гратчето, кое се наоѓа во планински регион на околу 100 километри источно од Рим, се противи на предлозите за спојување на градските власти на населените места, кои имаат помалку од илјада жители, со цел да се заштедат пари.

Во Филетино живеат само околу 550 лица, но наместо спојување со соседниот град Треви, градоначалникот Лука Селари се обидува да добие независност и да формира кнежевство, слично на република Сан Марино на север.

Тој даде одобрение за пуштање во оптек на валутата на Филетино, која се нарекува фиорито и на која е испечатена неговата слика.

– Настојуваме да добиеме вистинска автономија од Италија и имаме финансиски ресурси за тоа, изјави Селари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top