Словачкото Министерство за социјални работи поднесе предлог за овозможување на бесплатна стерилизација за сиромашните групи на население.
Ова покрена бран на незадоволство во земјата, информираше чешката државна телевизија. Христијанските политичари и невладини организации, кои го бранат правото на живот ја означија мерката за расистичка тврдејќи дека е наменета првенствено за ромското малцинство.
Словачка неодамна се соочуваше со критики за наводно нелегална стерилизација на ромските жени. Некои од нив поради тоа ја тужат земјата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбург.
Бесплатната контрацепција или стерилизација за сиромашните се дел од новите измени во Законот кој се подготвува и кој се однесува на поддршката на одделните групи на граѓани, односно граѓаните кои живеат во лоши социјални услови. Словачкиот Парламент истиот ќе го разгледува во септември.
– Ние го препорачуваме ова како техничко решение кое навистина ќе овозможи олеснување на страдањата на жените во социјално исклучените заедници, како и на децата кои ќе се родат во овие услови, објаснува Луција Николсонова, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика.
Но, отпорниците на ова, христијанските политичари и бранители на правото на живот, во тоа гледаат расизам кој се однесува само на ромските жени.
– Во случај на примена на контрацепција може да бидат предизвикани абортуси во рана фаза на бременост, а стерилизацијата всушност е осакатување на човечкото тело, вели Мајкл Михалчик, од невладината организација ,,Форум на животот”. Во минатото, во Словачка се забележани случаи на Ромки кои тврдеа дека биле стерилизирани без своја согласност.
Три од нив се обратија до Европскиот суд за човекови права и одлуката се очекува на есен. Адвокатот, Ванда Дурбакова, кој е застапник на некои од жените во Стразбург парадоксално нема забелешки кон мерките на словачката Влада.
– Во основа не гледам проблем во тоа што државата финансира бесплатна стерилизација, но битно е за тоа да постои согласност од секоја жена. Против бесплатните контрацепции и стерилизации е покрената петиција, која досега е потпишана од над илјада луѓе.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град