Новинарите од „Комсомолска правда” ги најдоа во Либија петте Срби, кои ги затворија либиските бунтовници под обвинение дека се платени снајперисти.
Рускиот весник наведува дека во затвор се Зоран Николиќ и Недељко Милановиќ од Лазаревац, Милорад Јуниќ од Лозница, Милич Мартиновиќ од Аранѓеловац и Војислав Никифоровиќ од Белград, кои кажале дека бунтовниците се однесуваат коректно со нив и дека не ги тепаат.
На заробениците им е кажано дека наскоро ќе бидат префрлени во Зинтан, а потоа и дома доколку сė биде во ред. Руските новинари до заробените Срби стигнале откако направиле интервју со командантот на аеродромот, Абдулаким Абдулгадар.
Српските заробеници раскажале дека во Либија дошле на 12 август за да заработат работејќи на патиштата, но дека по една седмица биле оставени на еден контролен пункт. Оттаму побегнале и потоа се криеле низ Триполи. Во обид да стигнат до српската амбасада, биле уапсени на првиот контролен пункт.
– Ние сме градежни работници. Потпишавме договор со српско-либиската компанија „Зазура”. Во канцеларијата во Белград ни кажаа дека во Триполи е мирно – рече еден од заробените Срби за рускиот весник.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град