„Групата на седумте најразвиени земји Г-7 веќе не е ефикасна и треба да биде заменета“, изјави синоќа претседателот на Светската банка Роберт Зелик.
„Групата на седумте најразвиени земји Г-7 веќе не е ефикасна и треба да биде заменета“, изјави синоќа претседателот на Светската банка Роберт Зелик.
Зелик, кој говореше пред средбата на финансиските лидери од Г-7 овој викенд во Вашингтон истакна дека глобалната финанссиска криза е како „студен туш“ и тоа ја покажува неопходноста од поширока соработка со повеќе земји.
„Г-7 не работи, рече Зелик во однос на групата на најразвиени земји која ги вклучува САД, Канада, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Јапонија“.
Според него, неопходна е подобра група за ова различно време. Тој истакна дека таа група треба да ги вклучува Кина, Индија, Бразил, Јужноафриканската република, Саудиска Арабија, Мексико, Русија и сегашната Г-7.
Зелик оцени дека не е доволно од Г-7 да се направи Г-14.
„Ние не можеме да создадеме нов свет просто преправајќи го стариот. Оваа структура треба да биде флексибилна и да не биде ограничувана од определен број земји“, додаде претседателот на Светската банка.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град