Гадафи ќе бара азил во Србија или Хрватска?

Членката на преодниот национален совет на Либија Фатима Махмуд изјави дека Моамер Гадафи би можел да побара азил во Чад, Алжир, Венецуела, Хрватска и Србија – објави Танјуг.

 |   | 
gadafi
gadafi

gadafiЧленката на преодниот национален совет на Либија Фатима Махмуд изјави дека Моамер Гадафи би можел да побара азил во Чад, Алжир, Венецуела, Хрватска и Србија – објави Танјуг.
Таа за „Вечерњи лист“ изјави дека Гадафи е се уште во Либија но го напуштил Триполи.
„ Располагаме со информации дека ако не биде уапсен или убиен Гадафи би можел да бара азил во 5 држави со кои има добри односи“ вели Махмуд, наведувајќи дека тоа се Чад, Алжир, Венецуела, Хрватска и Србија.

Махмуд вели дека тој со моќни политичари или со официјалната власт од овие земји има добра комуникација и дека тие го советуваат.

„ Познато е дека тој е во многу добри односи со Србија и со поранешниот претседател на Хрватска месиќ кој му понудил помош во име на големото пријателство“ вели Махмуд и додава дека во редовите на силите на Гадафи имало многу платеници и воени експерти од африканските земји, но и од подрачјето на поранешна Југославија, особено Хрватска и Србија.

Во меѓувреме Тајм пишува дека платениците од Балканот го напуштаат Гадафи. Неименувач пензиониран генерал на ЈНА наводно го напуштил Гадафи на 21 август кога бунтовниците успешно напредуваа кон Триполи. Хрватски ветеран од војната во Босна, извесен марио, кој исто така го напуштил Гадафи, за Тајм изјавил дека и силите на Гадафи но и на другата страна биле недисциплинирани и лоши, и да не се вмешале НАТО Гадафи би победил. Тој сведочел дека Гадафи ангажирал за одбраната на Триполи неколку ветерани од југословенските војни, воглавно Срби, но сите го напуштиле – пишува Б 92

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top