Земјотрес во САД – евакуирана Белата куќа

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД .Епицентарот на земјотресот бил во Вирџинија но се почувствувал и во Торонто – Канада. Белата куќа, Пентагон и Капитол хил веднаш беа евакуирани.

 |   | 
usa quake
usa quake

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД .Епицентарот на земјотресот бил во Вирџинија но се почувствувал и во Торонто – Канада. Белата куќа, Пентагон и Капитол хил веднаш беа евакуирани.
usa quake
Нема информации за евентуални жртви,но неколку илјади луѓе се здобиле со полесни повреди. Земјотресот предизвика паника меѓу жителите на Њујорк и Вашингтон кои трчаа по улиците . Семафорите не работеа, улиците се блокираа застана и авионскиот сообраќај за да се провери безбедноста на пистите. Автоматски беа исклучени и двете нуклеарни централи во Вирџинија а поради опасност од истекување на гас беше затворен и еден терминал н аеродромот Роналд Реган . Оштетување има на националната катедрала, највисоката зграда во американската престолнина и на неколку училишта. Според американските медиуми зградите се треселе неколку секунди , а веднаш потоа биле блокирани телефонските линии. Според американските сеизмолози ,земјотресот е најсилен потрес што ја погодил Америка во изминатава деценија. Источниот брег на Америка не важи за подрачје подложно на земјотреси и овој дел е помалку подготвен за потреси.

usa quake

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top