Најмалку 5 луѓе загинаа a над 70 се повредени по уривање на сцените на музички фестивал во Белгија, на кој требаше да настапат Foo Fighters, Eminem, The Offspring и 30 seconds to Mars.
Несреќата на првиот ден од Пуккелпоп фестивалот ја предизвикало големо невреме, проследено со дожд и силен ветар. Освен сценските конструкции, се урнале и огромните видео бимови и околните дрвја. Во моментот во публиката имало 60.000 луѓе.
Бурата почнала веднаш по настапот на Skunk Anansie.
“Небото наеднаш потемне и почна силно да врне град. Насекаде паѓаа дрвја. Изгледаше како да доаѓа крајот на светот”, раскажува очевидец.
Повеќе од 20 амбулантни коли тргнале кон местото во близина на Хаселт, околу 80 километри источно од Брисел. Петта жртва починала во текот на ноќта а бројот на загинати би можел да порасне.
Само неколку дена претходно, 5 лица загинаа во иста ваква несреќа која се случи на голем фестивал во Индијана.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град