Унгарската полиција уапси маж, за кого се сомнева дека живи закопал најмалку шест лица. “Ѕверот од Будимпешта“, како што го нарекуваат медиумите, ги ограбувал своите жртви, а потоа живи ги закопувал на остров на Дунав, во јужно предградие на главниот град на Унгарија.
Унгарската полиција уапси маж, за кого се сомнева дека живи закопал најмалку шест лица. “Ѕверот од Будимпешта“, како што го нарекуваат медиумите, ги ограбувал своите жртви, а потоа живи ги закопувал на остров на Дунав, во јужно предградие на главниот град на Унгарија.
Претпоставките се дека тој имал уште двајца помошници, бездомници, покрај шестмината приведени соучесници. Полицијата во Будимпешта дознала за злосторствата од романски државјанин, кој успеал да преживее, да се откопа самиот, да го совлада кучето оставено да ги чува лешовите, и да побегне. Неговите напаѓачи му ја зеле кредитната картичка.
Текстовите за апсењето на мнострумот се ударни теми во балканските медиуми.
Најверојатно станува збор за македонски државјанин, иако ниту Министерството за надворешни работи на Македонија, ниту пак, македонската полиција сеуште не го потврдуваат тоа официјално.
Првичната информација во српските медиуми беше дека унгарската полиција уапсила српски државјанин кој закопувал живи луѓе во Будимпешта, откако претходно ќе ги ограбел. Прво полицијата откри тела на три лица, кои биле закопани во блиско минато, и останки на уште неколку други лица, закопани пред подолго време.
Српските медиуми потоа објавија дека сепак не станува збор за Србин, туку за македонси државјанин, со име Ласло В., кој своевремено бил припадник на паравоената формација “Тигри“ на озлогласениот воен злосторник, Жељко Ражњатовиќ-Аркан. Уапсениот сериски убиец, со себе немал лични документи, за потврда на неговиот идентитет и државјанство. Унгарските власти сметаат дека Ласло е од Војводина, Сррбија, но и дека има и македонски пасош. Според медиумите во Будимпешта, српската полиција имала распишана потерница по него, според која тој е осомничен за воени злосторства. Белград, досега, неколкупати побарал негова екстрадиција, но унгарските власти го игнорираат барањето.
Унгарската полиција соопштила дека ќе бара меѓународна помош за идентификација на злосторникот. Досега, во рамки на полициската акција, биле уапсени шест осомничени помагачи во сериските убиства. Водач на групата е мажот, за кого унгарските власти сметаат дека е Србин, а српските медиуми тврдат дека е Македонец. Тој, наводно, самиот тврдел дека е македонски државјанин, но немал како да го докаже тоа. Идентитетот на убиецот засега останува мистерија.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјавил дека досега српската полиција не добила никаква официјална информација за случајот, но оти сепак тие се подготвени да помогнат за утврдување на идентитетот на убиецот. Според него, уапсениот најверојатно не е српски државјанин.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град