Вчера во центарот на Москва група на девојки кои се приврзаници на рускиот претседател Димитриј Медведев организираа акција за поддршка на нацрт-законот за забрана за конзумирање пиво на јавни места.
Вчера во центарот на Москва група на девојки кои се приврзаници на рускиот претседател Димитриј Медведев организираа акција за поддршка на нацрт-законот за забрана за конзумирање пиво на јавни места.
Активистките на интернет групата „Медведев – наш претседател“, кои себе си се нарекуваат „Девојките на Медведев“ се собраа на Новопушкинскиот плоштад во Москва и држејќи садови им предлагаа на минувачите да го истурат пивото, а во замена нудеа соблекување на облеката. За три литри пиво биле подготвени да ги соблечат шорцевите, а за шест литри маиците.
Руските медиуми јавуваат дека на перформансот имало многу повеќе новинари и фоторепортери, отколки лица кои биле подготвени за „размената“.
На крајот на перформансот девојките целото собрано пиво го истуриле во канализацијата.
Полицијата не ја запре акцијата, но по нејзиното завршување им пријде на девојките и ги легитимираше.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град