Скандалозна реклама „Руперт, зошто само да прислушкуваш кога можеш и да гледаш?“

Сеуште се свежи моментите од најголемата афера со прислушкување која ја потресе Британија.

 |   | 
reklama
reklama

Сеуште се свежи моментите од најголемата афера со прислушкување која ја потресе Британија. Медиумскиот могул Рупер Мурдок го затвори таблоидот со 168 годишна традиција News of the world, беше на отчет пред пратениците, и јавно се извини со писмо објавено во 7 најтиражни весници.
Да не се откриеше аферата со телефонското прислушување во која беа вмешани Неговиот син Џејмс Мурдок и уредничката Ребека Брукс, полицијата и политичари, Мурдок можеби ќе станеше помоќен и од ББЦ.
reklama
Но додека на еден не му се стемни на друг не може да му се раздени.

Германскиот произведувач на долна облека “Блаш“ за својата нова линија го искористи мега скандалот. Рекламните плакати со фотографии од девојки во секси долна облека се пропратени со алузии на “Њуз оф д ворлд.

reklama

“Руперт, зошто само да прислушкуваш кога можеш и да гледаш?“, “Еј, Џејмс фрли поглед на нашите мали тајни!“, и “Еве жешки теми за тебе Ребека“ се рекламните слогани кои се појавија со логото на “Њуз оф д ворлд“ преименувано во “Њуз оф Блаш“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top