Донесени се нови, построги мерки за безбедност на детските играчки од страна на Европската Унија (ЕУ), со што може да му се нанесе голем удар на увозот од Кина.
Познато е дека оваа земја е најголемиот производител на детски играчки, од каде доаѓаат дури 80 отсто од сите играчки на европскиот пазар.
Новите правила особено се однесуваат на играчкит кои ги содржат хемиските соединенија-фталати, кои се користат за омекнување на пластиката. Фталатите, се смета дека се главниот виновник за хормонските проблеми кај децата.
Меѓу другото, правилата се однесуваат и на противпожарните материјали, кои се користат кај некои играчки, кои можат да го забават растот на децата и да предизвикаат трајно оштетување на нивниот ендокринолошки систем.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град