На Мурдок му е многу, многу жал

Руперт Мурдок јавно му се извини на британскиот народ за скандалот со прислушувањето на телефоните од страна на новинарите од неговиот весник News of the World.

 |   | 
pismo
pismo

Руперт Мурдок јавно му се извини на британскиот народ за скандалот со прислушувањето на телефоните од страна на новинарите од неговиот весник News of the World.
pismo
“Жалиме за озбилните недела кои се сторени. Особено ни е жал за она низ што минаа сите кои беа погодени од скандалот. Жалиме што не делувавме брзо за да го решиме проблемот. Јасно ми е дека извинувањето не е доволно. Нашиот бизнис беше основан на идејаta дека слободниот и отворен печат треба да биде позитивна сила во општеството. Ќе мора да го надминеме срамот”, ова е дел од текстот потпишан од Мурдок.

Извинувањето го објавија двата негови весници, Сан и Тајмс, како и конкурентните Дејли Мејл, Дејли Телеграф, Индепендент и Гардијан кој всушност го разоткри скандалот.

Еден ден претходно, медиумскиот тајкун ја прифати оставката на Ребека Брукс, извршната директорка на компанијата Њуз Интернејшенал, која е британски огранок на Њуз Корпорацијата, односно издавачот на скандалозниот таблоид.

Мурдок се сретна и лично им се извини на родителите на убиената тинејџерка, Мили Даулер чиј телефон новинарите на NOTW наводно го хакнале во 2002-ра година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top