Берлускони се повредил при пад во када

Шефот на италијанската влада Силвио Берлускони се здобил со полесна повреда на главата откако вчеравечер паднал во када, а неговиот личен доктор Алберто Зангрило изјавил дека освен што е “уморен“, премиерот “добро се чувствува“.

 |   | 
Berlusconi
Берлускони

BerlusconiШефот на италијанската влада Силвио Берлускони се здобил со полесна повреда на главата откако вчеравечер паднал во када, а неговиот личен доктор Алберто Зангрило изјавил дека освен што е “уморен“, премиерот “добро се чувствува“.

“Берлускони паднал во неговата када и добил полесна повреда на главата. Бил уморен, тој е секогаш многу исцрпен. Доживеал слаб потрес, но ништо сериозно“, изјавил неговиот доктор.

Докторот истакнал и дека по извршените снимки, тој бил во добра состојба, односно немало ништо скршено.

Тој посочил дека Берлускони веќе добил терапија, и се чувствувал подобро, по што излегол и на прошетка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top