Џулијан Асанж, сопственикот на Интернет страницата Викиликс заедно со својот тим на адвокати пред Вишиот суд во Лондон ја започнаа правната битка против судското решение за негова екстрадиција во Шведска, каде е осомничен за силување и сексуално насилство врз две жени.
Овој 40-годишен Австралијанец, настојува да се укине одлуката на судијата на судот во Белмарс, од февруари оваа година, тој да биде предаден на шведските правосудни власти на натамошно сослушување.
На првото судење, судијата ги отфрли тврдењата на адвокатите на Асанџ дека осомничениот поранешен хакер во Шведска ќе се соочи со нефер судење, како и дека доколку биде префрлен во Стокхолм, ќе му бидат повредени неговите човекови права.
Асанџ беше уапсен во декемви 2010 година, врз основа на налог и потерница на шведското Обвинителство. Австралијанецот и тогаш и сега ги отфрла обвинувањата што му се припишуваат, инсистирајќи дека станува збор за „монтиран и политички процес“, што е дел од намерата на САД му се суди за публикувањето на провалените тајни на американската администрација и на доверливата дипломатска поста на Стејт департментот.
Британските левичарски медиуми и разните асоцијации за човекови права, покренаа силна кампања за одбрана на Асанџ и за прикажување на случајот како „политички мотивиран“, обвинувајќи ги и дисквалификувајќи ги шведските парвосудни власти и САД, за тоа дека е скован „таен план“ за префрлање на Австралијанецот од Шведска во САД, каде тој би можел дури и да биде ликвидиран.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град