Во Памплона почнува трката со бикови

Повеќе од милион луѓе се очекува денеска да се најдат на улиците на шпанскиот град Памплона, каде попладне започнува најпознатата забава – Деветдневниот фестивал на трка со бикови „Сан Фермин“.

 |   | 
pamplona
pamplona

Првата трка со бикови ќе биде одржана утре во 20 часот по локално време кога на траса долга 850 метри по стотина учесници ќе трчаат 12 бикови.

Трката со бикови обично трае нешто помалку од четири минути и секоја година од неа завршуваат повредени помеѓу 200 до 300 учесници, прегазени или прободени од роговите и покрај зголемените безбедносни мерки.

Фестивалот има низа пропратни манифестации, а жителите на шпанскиот град со повеќе од 200 илјади жители очекуваат повеќемилионска посета. Фестивалот завршува на 14 јули.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top