Универзитетот Хајделберг и ја одзеде докторската титула на поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, германската либералка Силвана Кох-Мерин, затоа што е утврдено дека нејзиниот труд, во суштинските делови, се состои од плагијати.
Комисијата на Универзитетот Хајделберг утврди дека во трудот на Кох-Мерин кој содржи околу 80 страници има повеќе од 120 места кои се дефинираат како плагијат.
Плагијатите потекнуваат од околу 30 публикации од кои две третини воопшто не се наведени.
Кох-Мерин докторира во 2000 година. Таа од истите причини како и поранешниот министер за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг, препишан докторат, се повлече од политичката функција потпретседател на ЕП.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град