Најмалку 17 цивили загинаа денеска, а 14 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во Дамаск, јавија сириските електронски медиуми.
Најмалку 17 цивили загинаа денеска, а 14 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во Дамаск, јавија сириските електронски медиуми.
Според сириската државна телевизија, во автомобилот имало околу 200 килограми експлозив.
Експлозијата се случила во близина на еден безбедносен објект на патот кон аеродромот, на крстосницата која води до светилиштето Сит Зејнаб, популарно меѓу шиитските верници од Иран и Либан.
Очевидците тврдат дека безбедносните сили го оградиле местото на експлозијата.
Единицата за борба против тероризмот започна истрага за да го утврди идентитетот на напаѓачот.
Ова е прва експлозија во Сирија, по нападот врз командантот на военото крило на Хезболах Имад Мугни во февруари, под чиј автомобил беше поставена бопмба.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град