Германија ја доживува својата најсува пролет од почетокот на мерењето на количините на врнежи во 1893 година и најсончева пролет во изминатите педесетина години.
Според германската метеоролошка служба DWD, оваа пролет во Германија паднале само 88 литри на квадратен метар, што е најниска количина од кога се води евиденција.
Нивото на повеќето германски реки во мај е на најниско историско ниво за овој дел на годината.
Земјоделците во цела Франција се повикани да штедат водата, а отворени се и механизми за финансиска помош на најпогодените. Така цената на сламата е замрзната на 25 евра за еден тон, откако шпекулациите ја подигнаа на над 50 евра.
„Метео Франс“ го објави привремениот метеоролошки биланс на пролетта 2011 во која се соборени сите рекорди на суша и топлина од пред еден век.
Климатолозите засега не можат да предвидат со точност дали оваа тенденција ќе продолжи и во текот на летото, имајќи предвид дека во Франција, исто како и во другите северни делови на Европа, во текот на јули и август има долги дождливи периоди.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град