Шеснаесетгодишен британски ученик го собори светскиот рекорд и стана најмладата личност која се искачила на највисокиот светски врв Монт Еверест, известуваат организаторите.
George Atkinson од градот Сурбитон успеа во четвртокот да се искачи на највисокиот врв во светот и да го собори светскиот рекорд , објавено е на интернетските страници на британското алпинистичко здружение Adventure Peaks.
Аткинсон на 8.850 метри високиот врв на светот се искачи три дена пред својот 17-ти роденден.
Претходниот рекорд го држеше Американецот Џони Колинсон кој највисокиот врв на светот успеа да го освои со навршени 17 години.
Соопштението на Adventure Peaks се уште не е службено потврдено.
Според информациите на BBC интернет страницата, British Mountaineering Council ја потврдил таа вест.
Аткинсон во 2005 година на само 11 години го има освоено највисокиот африкански врв Килиманџаро.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град