Koj ќе биде наследникот на Штрос Кан

Американскиот министер за финансии, Тимоти Гајтнер оценил дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) треба да одреди кој ќе го замени извршниот директор Доминик Штрос Кан, кој моментално се наоѓа во затвор во Њујорк.

 |   | 

Говорејќи во Харвард клубот во Њујорк, Гајтнер одбил да го коментира апсењето и затворањето на Штрос Кан, под обвинение за сексуален напад на хотелска собарка во Њујорк.

“Не можам да го коментирам тој случај, но тој очигледно не е во состојба да го води ММФ и мислам дека значајно е бордот на директори на фондот формално да постави нов извршен директор“, рекол американскиот министер.

Ова е прва реакција на член на американската администрација по скандалот со Штрос Кан.

Според правилата на ММФ, кога извршниот директор не е во Вашингтон, вршител на должноста е неговиот прв заменик, а во овој случај тоа е Американецот Џон Липски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top