Пуст мерак по собарки

Директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Строс-Кан и во минатото напаѓал собарки!?

 |  Маја Савиќ  | 
Straus Khan so soprugata
Строс Кан со сопругата

Францускиот пратеник Бернар Дебре тврди дека директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Строс-Кан, кој е обвинет за обид за силување на собарка во њујоршкиот хотел „Софител“, во минатото нападнал и други собарки во истиот  хотел.

Straus Khan so soprugataПратеникот од редовите на владејачката конзервативна Унија на народното движење (УМП) на својот блог го нарече директор на ММФ „сексуален деликвент кој треба да се лечи“.

Со ваквите изјави Дебре предизвика незадоволство кај повеќе негови колеги од левицата, кои му забележуваат дека неговите зборови се пресилни.

Дебре во изјави за неколку француски медиуми рече дека не го повлекува напишаното и го обвини Строс-Кан дека и во минатото извршил сексуални напади во истиот хотел во Њујорк.

– Потребно е да се излезе од хипкризијата. Не е прв пат Строс-Кан вака да се однесува во „Софител“. Тоа се случи повеќепати и пред повеќе години. Сите во хотелот знаеја за тоа, изјави пратеникот од Париз.

Тој натаму тврди дека вработените во хотелот биле револтирани, но дирекцијата не се осмелувала ништо да преземе. – Пред Офелија – шармантната 32-годишна жена, која работи многу добро – беа нападнати и други собарки… Мислите дека полицајците од Њујорк би го уапсиле во авион ако немаа точни информации?, прашува Дебре, кој во моментов се наоѓа во Кина.

Овај настан, според Дебре, е понижувачки за Франција. – Кинезите ме гледаат и се смеат. Тие велат дека сите Французи се опседнати со сексот. Ако продолжиме да не велиме ништо, тоа само ќе му помогне на Националниот фронт, вели францускиот пратеник.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top