Ќе има нови напади на исламските екстермисти

Групата која го изврши нападот врз хотелот „Мариот“ во Исламабад се закани со нови напади.

 |  Крсте Голабовски  | 
Merriot hotel
Merriot hotel

Исламистичката група која ја презеде одговорноста за нападот врз хотелот „Мариот“ во Исламабад, се закани со нови напади ако Пакистан не ја прекине соработката со САД.
Во телефонска порака до новинари, групата „Федаин ал ислам“ го споменува сопственикот на „Мариот“ по име.

„Сите оние, кои ги олеснуваат американските и натовските крстоносци како сопственикот (Саддрудин) Хасуани, ќе продолжуваат да добиваат удари“, се истакнува во пораката, напишана на англиски јазик.

Merriot hotelДанската служба за разузнавање и безбедноср соопшти вчера дека нејзин службеник загинал во бомбашкиот напад врз хотелот „Мариот“.

Стејт департментот на САД им нареди на сите владини службеници да не отседнуваат и да не ги посетуваат големите хотели во Исламабад, Карачи и Пешавар.
Во самоубиствениот бомбашки напад врз хотелот „Мариот“ во Исламабад што се случи во саботата загинаа 53 луѓе, меѓу кои чешкиот амбасадор и двајца службеници на Пентагон, а повредени беа 270 лица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top