Асанж: Фејсбук е алатка на ЦИА

Она што повеќе луѓе на повеќе пати го имаат кажано последниве години, дека Фејсбук е шпионска алатка за американски шпионски служби, го потврдува и Џулијан Асанж.

 |  Маја Савиќ  | 
Jullian Assange
Џулијан Асанж

Jullian AssangeОна што повеќе луѓе на повеќе пати го имаат кажано последниве години, дека Фејсбук е шпионска алатка за американски шпионски служби, го потврдува и Џулијан Асанж.

Тој вели дека целата програма е всушност база со податоци на американските служби коишто ја користат за лесно доаѓање до информации за сите луѓе на планетата. На прашањето дали всушност американските шпионски служби раководат со Фејсбук, тој вели „Не, не е толку едноставно, тие само имаат право на голем политички и правен притисок врз оние коишто ги поседуваат“.

Ставајќи ја реченицата во множина, мисли на сите останати програми, како што е Гугл, Јаху и останатите страници и програми коишто собираат податоци за нивните корисници. Но, за тоа и не треба да се биде некој генијалец за да се разбере дека американската полиција, како и секоја во светот има право да побара лични податоци на клиентите на секоја фирма којашто собира приватни податоци заради услуга која ја овозможува на истите клиенти. Американската „полиција“ во случајов, само го има Фејсбук како најголема база на податоци. Корисниците се оние коишто свесно ги оставаат сите свои податоци од типот, како се викаат, каде студираат, кои им се роднини, со кого се во врска, каде биле на 5 септември 2010 година или којзнае што сe останато.

Иронично сепак, една од групите за поддршка на Асанж на Фејсбук има околу 80 илјади фанови.

quote{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top