Табли на срамот пред нечесните продавници

Словачкиот министер за земјоделство Золт Шимон, реши пред сите продавници во земјата, кои продаваат неквалитетни продукти да се стави „табла на срамот“.

 |  Маја Савиќ  | 
shoping Bratislava
шopинг Братислава

Словачкиот министер за земјоделство Золт Шимон, реши пред сите продавници во земјата, кои продаваат неквалитетни продукти да се стави „табла на срамот“.

shoping BratislavaШимoн се решил на ваков чекор поради неодамнешниот извештај од инспекциите, според кој третина од продуктите што се продаваат во словачките продавници се расипани или неквалитетни.

Поради тоа, со измените на Законот за прехранбени производи, продавачите на влезот на продавниците ќе мораат да ставаат табли на кои ќе ги пишуваат резултатите од контролата на инспекциите.

Министерот Шимен рече дека во словачките продавници најмногу се продаваат јогурт и сирења со изминат рок, расипано месо и скапано овошје и зеленчук.

Трговците од Словачка се категорично против „жигосувањето од страна на министерот и инспекциите“.

Во Чешка неодамна пропадна сличниот обид да се обележат оние кои продаваат или работат неквалитетно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top