Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска усвои политичка декларација посветена на Африка, со која светските лидери се обврзуваат на овој континент да му помогнат во намерата до 2015 година двојно да ја намали сиромаштијата и неписменоста.

Учесниците на собирот посветен на развојните потреби на Африка оценија, се наведува во декларацијата, дека елиминирањето на сиромаштијата, особено во Африка, претставува најголем глобален предизвик за светот денеска.
Повеќе од 40 шефови на држави и влади, заедно со првите луѓе на светската организација, учествуваа на конференцијата во седиштето на ОН во Њујорк, ден пред почетокот на генералната дебата во Генералното собрание.
Во декларацијата усвоена по собирот се истакнува дека, и покрај неодамнешните значајни подобрувања, исполнувањето на глобалните цели на борбата против сиромаштијата, што се и Милениумски цели, сепак, остануваат недостижни.
Во декларацијата се наведуваат областите во кои се неопходни натамошни напори, како што се мобилизацијата на ресурсите, простување на долговите, борбата против сидата и другите болести, решавањето на вооружените судири во Африка, како и водењето сметка за последиците од промената на климата и глобалната криза со храна на „црниот континент“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град