Со јајца по претседателот

Претседателот на Германија, Кристијан Вулф, и премиерот на германската провинција Хесен, Фолкер Буфие, биле нападнати со јајца од граѓанин вчера во центарот на Висбаден, објави “Билд“.

 |  Маја Савиќ  | 
gaganje so jajca
гаѓање со јајца

Претседателот на Германија, Кристијан Вулф бил во официјална посета во престолнината на провицнијата Хесен, градот Висбаден, и додека на плоштадот разговарал со Буфие, еден маж, кој бил во толпата насобрани граѓани, почнал да фрла со јајца кон нив. Телохранител успеал да го заштити претседателот на Германија, но едно од фрлените јајца сепак го погодило во нозете. Друго јајце, пак, завршило во премиерот Буфие.
Реагирале припадниците на обезбедувањето и го привеле напаѓачот.
Засега не е познато што го револтирало Германецот со романско потекло, Адрија В. (48), да ги нападне претседателот Вулф и премиерот на Хесен со јајца.
gaganje so jajca
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top