Прво вовел закон против порнографија, потоа уживал во неа сред седница

Иако понекогаш не изгледаат така, сепак и политичарите се луѓе од крв и месо. Тоа вчера го докажал во индонезискиот парламент член на Напредната исламска партија, кој бил фатен додека гледал порнографија сред седница.

 |  Маја Савиќ  | 
pornografija na sednica
порнографија на седница

Иако понекогаш не изгледаат така, сепак и политичарите се луѓе од крв и месо. Тоа вчера го докажал во индонезискиот парламент член на Напредната исламска партија, кој бил фатен додека гледал порнографија сред седница.
pornografija na sednica
Ситуацијата станала уште поинтересна поради фактот што неговата партија го вовела законот против порнографијата, гледањето или снимањето на истата. Кога оваа фотографија се појавила во јавноста, Арифинто дал оставка.

Потоа тој изјавил дека е само човек кој има свои потреби и наишол на разбирање од членовите на неговата партија. Тој не се грижи поради фактот што може да биде казнет како што тоа му се случи и на актерот Назил Ирхан откако се појави домашната порно снимка, поради која добил три и пол години затвор.

Политичарот сега планира да се врати на својата поранешна работа во печатница, а тоа го објавил со снимката на која се извинил поради својата постапка. Лицемерно е што Арифинто се извлекол лесно и тоа од партијата која го малтретирала уредникот на индонезискиот Плејбој и која го донела законот против порнографија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top