Томас Л.(50) сокрил малечка камера позади ролната тоалетна хартија и цели три дена ги снимал жените во wc-то на аеродромот во Франфурт. Неговата бизарна тајна била откриена кога некоја г-ѓа се обидела да стави резервна ролна и повикала полиција кога го пронашла малиот видео уред. Работникот добил отказ а полицијата веднаш го пребарала неговиот стан и одзела компјутер, камера и мемориски картички. За секој случај детално биле пребарани сите тоалети на аеродромот но не биле пронајдени други камери.
„Не можам да замислам како се чувствуваат жените во вакви ситуации“-изјавил портпаролот на полицијата Александар Киблинг. Останатите вработени на аеродромот морале да потпишат изјава со која гарантираат дека нема никому да кажат за скандалот. Но со оглед на тоа дека целата приказна заврши во медиумите, некој не си стоел на зборот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град