Европската Комисија воведе нови прописи, според кои, ќе може да се увезува млеко со три пати поголема радиоактивност, додека во рибите и растителните масла нивото може да биде повисоко и за 20 пати, пишуваат австриските медиуми. По нуклеарната катастрофа во Јапонија, Европската Комисија ја зголеми дозволената граница на радиоактивност за производите кои се увезуваат во ЕУ.
Со таа уредба се дозволува увоз на производи со 20 отсто повеќе радиоактивни супстанции.Според пишувањата на австриските медиуми, лекарите стравуваат дека таквата уредба би можела да има сериозни здравствени последици за европските граѓани.
Новата уредба на Европската Комисија, која е усвоена минатата недела под бројот 297/2011, пропишува специјални услови за увоз на храна од Јапонија.Со неа се дозволува поголемо ниво на радиоактивност, а ќе важи најмалку до 30 јуни.
Зголемена радиоактивност е измерена во зеленчукот, млекото и во месото во неколку јапонски префектури.
Пред воведувањето на новите вредности, еколошките стручњаци веќе предупредија дека нивото на дозволени радиоактивни супстанции во храната е превисоко, а побараа и по ригорозни прописи.
Стручњаците наведуваат дека вакви уредби се донесуваат само во ситуации кога има недостиг од храна и потенцираат дека тоа сега не е случај. Според нив, ЕУ многу ќе ја чини желбата да и помогне на Јапонија.
Претставниците на Австрија, Франција и на Грција гласале против предлогот, а Полска била воздржана. Сепак, гласовите на другите земји биле доволни за да се донесе одлуката, односно новата уредба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град