Наскоро изгледа ќе дојде крај на евтината облека од Кина, а производството ќе биде преместено во други азиски земји. Кинеските работници исто така сакаат дел од колачот „економско чудо“ и бараат повисоки плати.
Звучи апсурдно, но пред се‘ самоубиствата на очајните кинески работници во фабриката на лиферантот на Епл, Фокскон, ги поттикнаа кинеските производители, како и владата во Пекинг, да го променат ставот. Покрај тоа, дојде до пораст на цените за потрошувачите во Народната Република, како и повисоко ниво на образование кај младите Кинези. Затоа, петгодишниот план на Народниот конгрес донесе одлука за покачување на минималната плата за 13 насто годишно.Глобалната побарувачка ги доведува кинеските фабрики до границите на нивните капацитети. Поради тоа економските експерти сметаат дека производителите на облека ќе преминат во други земји, каде може поевтино да произведуваат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град