Асанж: Балканот во опасност од “Арапското сценарио”

Објавувањето на тајните документи поврзани првенствено со Босна и Херцеговина, но и другите балкански земји, ќе предизвика веќе видена “арапска” реакција, тврди основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

 |  Маја Савиќ  | 
assange
Асанж

Објавувањето на тајните документи поврзани првенствено со Босна и Херцеговина, но и другите балкански земји, ќе предизвика веќе видена “арапска” реакција, тврди основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

assangeАсанж е прилично убеден дека нешто такво ќе се случи, наведувајќи дека ќе бидат објавени документи од амбасадата на САд во БиХ од изминатите 6 години. Објавувањето на документите во Романија, кое се случува во моментов пак, Асанж го оценува како многу влијателно и врз “босанските” документи.

“Неверојатно е колку документите кои ќе бидат објавени, ќе влијаат на целиот регион”- истакнал тој во интервју за весникот Дневни Аваз, кој пак го прогласи за странска личност на годината.

Асанж тврди дека Викиликс во многу придонел за револуциите во Тунис и Египет.

И покрај силните притисоци и закани, документите ќе продолжат да се објавуваат и тоа со посилен интензитет отколку досега, а за договор со САД не станува ни збор.

“Тие се обидуваат да не замолчат, барајќи од нас да го уништиме се она што досега е објавено, се она што планираме да го објавиме, како и да ги запреме контактите со таканаречените “свиркачи” од Американската армија. Секако, ние ова го одбивме”- истакнал Асанж, додавајќи дека ја имаат поддршката од Американскиот народ и луѓето од целиот свет кои сакаат да ја знаат вистината.

Асанж смета дека постои “некаква голема тајна порота во градот Александрија во американската држава Џорџија, која се обидува да го обвини за завера и шпијунажа, за да издејствуваат екстрадиција во САД”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top